ГО ЧЕКАШЕ ЛИ ПЕП, СУДИЈАТА НА ПАРКИНГ, КАКО МУРИЊО?
Објавено на: 04.12.2023
Тренерот на Манчестер Сити беше видно револтиран од одлуката на арбитарот да не дозволи акцијата на крајот на мечот да продолжи, со што му се ускрати можноста на домашниот тим да се обиде да победи во дербито со Тотенхем, кое заврши со резултат 3:3.
Ова е изјавата на Гвардиола, на пресот по натпреварот, за одлуката на Сајмон Хупер:
Следно прашање. Нема да дадам коментари како Микел Артета. Тешко е кога ќе ја прегледате снимката, судијата одлучува да ја прекинe играта откако веќе рече „играјте“. По додавањето, свирежот, не разбирам…
Дали Пеп го чекаше судијата, како Мурињо што го чекаше Ентони Тејлор по поразот од Севиља во финалето во Лига европа?
