Фудбал

БОМБАТА НА ЧАЛХАНОГЛУ ВО МРЕЖАТА НА НАПОЛИ (ВИДЕО)

Интер води на тешкото гостување кај Наполи, но иако немаше премногу од играта, успеа да „пробие“ со евроголот на Хакан Чалханоглу.

Турскиот репрезентативец налета на топката надвор од шеснаесетникот, на прва ја „опали“ и постигна вистински убавец кој ќе се врти по сите најавни шпици за Интер и италијанската лига.

Уживајте: