Фудбал

ЗБУДАЛЕН СВЕТ – ВИДЕО ОД ВОЈНАТА ВО МАРСЕЈ

Навивачите на Олимпик го нападнаа автобусот на Олимпик, двата клуба со исто име не го одиграа натпреварот. Само затоа што се ривали од друг град, фудбалерите и стручниот штаб на тимот од Лион беа доведени во животна опасност.

Иако на прв поглед не изгледа нешто особено страшно, ако се подразмисли добро и ако се прегледаат снимките и фотографиите, како на пример оваа од тренерот на гостите, Фабио Гросо, може да заклучиме дека многу лесно можеше некој да ја загуби главата, од целата пиротехника и камењата упатени кон превозното средство:

Ќе има ли санкции? Ќе реагирата ли француската и европската куќа на фудбалот? Или големите лиги и екипи се заштитени? Своевремено, по случајот на Хејсел каде имаше жртви, англиските клубови добија мораториум од својата и континенталната организација – 5 години беа вон европските натпреварувања.

Оттогаш, Премиерлигата, на трибините, е театар…