Фудбал

ЃОКОВИЌ ГО ТРОЛА СПИД, МУ КАЖА ДЕКА ИГРА ЗА МИЛАН (ВИДЕО)

Ѓоковиќ е докажан фан на Милан, но очигледно е дека Спид, фудбалски влогер кој стана познат по „колиничењето“ по Роналдо, не знае кој е српскиот ас.

На доделувањето на Златната Топка вечерва во Париз, Спид се сретна со Ѓоковиќ и го праша од каде му е познат. На тоа, следуваше урнебесна реплика од светскиот тенисер број 1 кој му возврати:

Веројатно сум ти познат бидејќи сум нов играч на Милан.

Погледнете:

Да биде уште посмешно, Спид поверува на ова. Веројатно вечерва ќе дознае и кој е всушност човекот кој ќе го направи уште пославен.