Фудбал

ДАЛИ Е ПРЕРАНО ДА СЕ КАЖЕ КОЈ ЌЕ ИГРА НА ОВАА ТРЕВА ВО ПОСЛЕДНИОТ НАТПРЕВАР ОД ЛШ?

Сезоната во елитното натпреварвање почна неодамна, но сепак, уште на стартот има неколку екипи кои се издвојуваат како фаворити. Може ли, врз база на досегашниот перформанс, да се предвиди кој ќе се соочи во битката за титулата?

Баерн Минхен има максимални 9 бода по три натпревари, колку што имаат Реал Мадрид, Манчестер Сити и Барселона. Дали 100% учинок по првите три кола, е гарант за далечен пат во најквалитетната фудбалска лига на светот?

Гледате ли потенцијал од сенка, кај Интер кој има 7 бода по три одиграни средби, односно кај кај Арсенал, Порто, Лајпциг и Наполи кои имаат по 6 бода? За мечот на Вембли на 1-ви јуни 2024-та, прашуваме…