Фудбал

ВАКА СЕ ЧУВА ДРЖАВА – НЕМА ЕЛ КЛАСИКО ВО АНГЛИЈА

Фудбалските симпатизери на Островот ќе останат покуси за еден меч меѓу Реал Мадрид и Барселона, поради закон кој е на сила повеќе од 5 децении. Со тоа се покажува сериозноста на една фудбалска нација, која го негува своето.

Законот за ТВ преноси од фудбалот значи дека нема можност, следното Ел Класико да биде пренесувано на ТВ. Забранет е пренос на дуели од 14:45 до 17:45, за да може фудбалските фанови да ги посетуваат мечевите од пониските лиги.

Овој закон е на сила од 60-тите години на минатиот век.