ФУДБАЛЕРИТЕ СЕ КАКО ДЕВОЈКИ, КОГА ГИ КУПУВАШ
Објавено на: 20.10.2023
Јувентус го доведе Кристијано Џунтоли како нов спортски директор, по осумте години што тој ги помина во Наполи. 51-годишникот е еден од најзаслужните за скудетото на наполитанците, минатата сезона, откако во клубот ги донесе првите ѕвезди Виктор Осимен и Квича Кварачкелија.

Поради конфликт со претседателот на клубот си замина од Неапол, па сега Џунтоли ќе работи во Јувентус со својот нов помошник, Џовани Мана, и ќе биде одговорен за трансформација на тимот во новата ера по заминувањето на претседателот на клубот Андреа Ањели.
Последните зборови за трансферите и промашувањата, на Кристијано Џунтоли се:
Флоп потписи? Кога ќе доведете играч, тоа е како девојка. Мислиш дека таа е таа, ја носиш на вечера. Но, потоа сфаќаш, кога ќе ја донесеш дома. Сфаќаш дека не е добра, дека не готви, дека не пере, дека не пегла.
Во кој век живее мајсторот?