Фудбал

КЛОП БАРА ПОРАНЕШЕН ИГРАЧ НА ПЕП, КАКО ЗАМЕНА ЗА САЛАХ

Mirror пишува дека 27-годишниот крилен напаѓач на Баерн Минхен и германската репрезентација, Лерој Сане е главниот кандидат за наследник на Мохамед Салах во Ливерпул кога Египќанецот ќе си замине од Енфилд, каде освои се што можеше и стана еден од најголемите играчи во историјата на клубот.

Речиси сигурно Салах ќе го напушти Ливерпул следното лето и ќе го потпише најбогатиот договор во својот живот во Саудиска Арабија, а Јирген Клоп ќе мора да најде помладо решение способно веднаш да ја преземе огромната напаѓачка улога која Салах континуирано ја извршува со многу малку флуктуации.

Изборот падна на Сане, играч со богато искуство во Премиерлигата кој е левак, исто како Салах. Германецот со сенегалско потекло пристигна на Островот во летото 2016-та година како едно од првите засилувања на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити. Под водство на каталонскиот тренер, тој забележа 135 настапи во четири сезони, постигна 39 гола и асистираше за 46.