Фудбал

НОВИОТ ЕЛ-КЛАСИКО ДРЕС НА БАРСА Е ЛУУДНИЦАА

Првакот на Шпанија ќе носи неверојатен дизајн на дресот, со кој ќе настапи на следниот натпревар против Реал Мадрид. Каталонците решија, заедно со спонзорот, тоа да биде логото на мега музичката група Rolling Stones.

Ова не е првпат да „носат музичари“ на дресот, со оглед на спонзорот Spotify. Но, логото на една од најпрестижните групи во историјата на музиката, дава посебно чувство и има посебно значење. Поводот е новиот албум на Стоунси, со наслов Hackney Diamonds.

Ел Класико 2023 се игра на 28-ми октомври, на Spotify Kamp Nou.