ГАЛАТАСАРАЈ (КОНЕЧНО) Е ЕВРОПСКИ ГИГАНТ?
Објавено на: 07.10.2023
Турската екипа нема пораз на 15 натпревари во сите натпреварувања во кои се натпреварува сезонава, меѓу кои има и големи скалпови како оној на Манчестер Јунајтед од гостувањето на Олд Трафорд.
Галатасарај во моментов се наоѓа на втората позиција во турското првенство зад Фенербахче, двете екипи немаат пораз по 7 кола, но Галата има едно реми и (14/4) помалку постигнати гола и послаба гол-разлика од Фенер (18/3).

Во Лигата на шампионите, Галатасарај има едно реми и се наоѓа на втората позиција зад Баерн Минхен, со кого се соочува на домашен терен во следната рунда во елитното натпреварување. Дали е тоа вистинскиот испит за Турците?
Се поставуваат неколку прашања, пред да им го дадеме епитетот европски гигант:
Колку е релевантно турското првенство?
Дали формата во ЛШ е случајна или реална?
Може ли овој ростер да дотурка далеку во елиминациите во елитата?