КЛОСЕ СЕ ОТКАЖАЛ ОД ФУДБАЛОТ ПОРАДИ ЛАЖНИТЕ ВРЕДНОСТИ
Објавено на: 06.10.2023
Во изјава за медиумите, некогашниот германски голгетер, кој беше страв и трепет за противничките голмани, даде многу сериозно видување и воедно обвинување на напредокот, кој гази се пред себе.
Во тој современ терк на нештата, не е поштеден ниту фудбалот, па ова се зборовите на Мирослав Клосе:
Си реков време е да престанеш да играш фудбал, затоа што веќе не го препознавав мојот спорт. Младите играчи размислуваат за други работи. Како дете размислував само да тренирам и да станам некој во овој спорт што отсекогаш го сакав. Во Лацио и во репрезентацијата, после секој тренинг се ставав во када полна со мраз за да ги избегнам евентуалните повреди, но младите играчи од тимот систематски одбиваа.
Кога ме видоа како ги земам вреќите со топки за да ги оставам на крајот од тренингот, ми велеа – Но кој ти вели да го правиш тоа? Во тој момент си реков – Имаш 20 години и не можеш да му помогнеш на 60-годишен работник? Тие повеќе се грижат дали нивните чизми одат со нивните чорапи. Затоа реков стоп. Фудбалот што го знаев повеќе не постои. Денешните млади играчи прво мислат на автомобилите, договорите со нивните спонзори и нивните нови копачки. Само после сите овие работи, доаѓа фудбалот. За нив најважен е нивниот имиџ. Додека за мене беше важен само фудбалот во најчистата форма.
Клосе, олдсмобилу, нема веќе вакви примероци како тебе. Остави печат на едно време,остави ги нив да се обидат да го сторат истото, ако можат…
