БАРСЕЛОНА СОЗДАВА НОВА ГЕНЕРАЦИЈА?
Објавено на: 01.10.2023
Каталонците во минатите две децении живееја од школата која им даде потентна генерација, која покажа дека може да игра со најсилните и дека може да освојува трофеи.
По заминувањето на Чави и Иниеста во „пензија“, односно Меси од Камп Ноу, јасно беше дека ќе се почека малку до нова напредна генерација, која повторно би царувала со зелените терени.

Ламин Јамал потпиша нов договор со Барселона, вреден 1 милијарда евра во откупна клаузула. Формален потпис се очекува в понеделник, односно утре. Договорот е валиден до јуни 2026-та година. Истиот е тајно потпишан во јули 2023-та.
Дали ова значи дека Барса се грижи за својата иднина?