Фудбал

АНТОНИ СЕ ВРАТИ НА ТРЕНИНЗИТЕ И ДОСТАПЕН ЗА СЕЛЕКЦИЈА

Ова го потврдија од Манчестер Јунајтед, со следната изјава за јавноста:

Откако првпат беа изнесени наводите во јуни, Антони соработуваше со полициските истраги и во Бразил и во ОК, и тој продолжува да го прави тоа. Како работодавец на Антони, Манчестер Јунајтед одлучи дека тој ќе продолжи со тренинзите во Карингтон и ќе биде достапен за селекција, додека траат полициските истраги. Како клуб, ги осудуваме актите на насилство и злоупотреба. Ја препознаваме важноста од заштита на сите оние кои се вклучени во оваа ситуација и го признаваме влијанието што овие наводи го имаат врз преживеаните на злоупотреба.

Бразилскиот крилен напаѓач е обвинет за напад и семејно малтретирање, од неговата поранешна девојка Габриела Кавалин. Дел од јавноста и добротворните организации за семејно насилство, бараат случајот да се одземе од рацете на клубот.