ЗНАЕ ЛИ РАФА, НЕШТО ШТО ОСТАНАТИОТ ФУДБАЛСКИ СВЕТ НЕ ЗНАЕ?
Објавено на: 25.09.2023
Прашањата за понудите од саудиската фудбалска лига кои пристигнале на негова адреса, португалскиот напаѓач ги сопре со следниот одговор:
Предлози од саудиската лига? За мене Лигата на шампионите вреди повеќе од 10 милиони евра плата. Сè уште немам постигнато големи резултати за да прифатам да одам во таа лига.
Фокусиран сум да правам големи работи со Милан. Затоа потпишав нов договор пред неколку месеци.
Со по 5 парчиња во градското дерби, тешко дека ќе стигне далеку во ЛШ. Знае ли Рафаел Леао за некој таен план на Милан, да се врати на европскиот врв?
