Фудбал

ПРЕМИЕРЛИГАТА БЕРЕ СЕ ШТО ВРЕДИ ВО СВЕТОТ

Тотенхем го комплетираше договорот за потписот на Лука Вушковиќ од сплитски Хајдук, потврдено, јавуваат светските медиуми. Договорот е „запечатен“ од страна на клубовите и играчот.

Вушковиќ е 16-годишен врвен талентиран централен дефанзивец и ќе им се приклучи на Спарс во 2025 година. Оваа приказна ексклузивно беше потврдена и од Фабрицио Романо, пред да биде објавена низ медиумите.

Премиерлигашите не планираат да застанат со купување на сите талентирани фудбалери ширум светот, со што ги осиромашуваат останатите клубови и лиги. До кога ќе трае овој современ напад на фудбалот?