Фудбал

ХУЛИГАНИТЕ НА АЈАКС ГО ДЕМОЛИРАА СТАДИОНОТ И ГО ПРЕКИНАА НАТПРЕВАРОТ

Домашниот натпревар на Ајакс Амстердам во Ередивизија против бранителот на титулата Феенорд беше прекинат во неделата, бидејќи навивачите фрлаа ракети на теренот, а полицијата употреби солзавец за да ги растера навивачите кои се бунтуваа надвор од стадионот. Група гневни навивачи на Ајакс се обиделе насилно да влезат во стадионот откако натпреварот бил прекинат, а полицијата ги растерала со солзавец, напиша полицијата во Амстердам на социјалните мрежи.

Ајакс имаше негатива од 3:0 во второто полувреме кога натпреварот прво беше прекинат во 56-та минута. По лошиот почеток на сезоната со само една победа, најтрофејниот холандски клуб се наоѓа на 13-то место во лигата со 18 екипи и ги прими сите три гола во првото полувреме.