НЕЈМАР ГО ПОМИНА ПЕЛЕ, КОЈ Е НАЈДОБРИОТ?
Објавено на: 09.09.2023
Бразил ја совлада Боливија со 5:1 во квалификациите за следното СП, Нејмар постигна три гола со што има вкупно 79, два повеќе од Пеле. Но, има контроверзија и во ова броење на голови затоа што аршините кај Бразилците и оние на ФИФА, не се идентични.

Фудбалската конфедерација на Бразил го смета Пеле за најдобар голгетер со 95 гола на 114 натпревари. ФИФА не ги брои головите што ги имаше Пеле на репрезентативните пријателски натпревари против клубови. Пеле (82) почина на 29-ти декември 2022-та, од рак.

„78 пати Нејмар“, објави бразилското фудбалско тело на социјалните мрежи по рекордниот гол на Нејмар. Кој е најдобриот фудбалер во историјата на Бразил?