Фудбал

ПРОЕКТИЛОТ НА БАРДИ КОН ДОНАРУМА (ВИДЕО)

Голот на Енис Барди ќе се врти на сите најавни шпици оваа сезона, нели?

Откако добивме слободен удар на 20 метри од голот на Донарума, топката ја зема Енис Барди и го очекуваше судискиот свиреж. Очигледно голманот на ПСЖ не очекуваше нашиот бисер да шутира на неговата страна, но силниот и прецизен удар не можеше да биде скротен од Донарума.

Погледнете го ремек делото на нашиот Барди.