АТМОСФЕРАТА ВО БУКУРЕШТ СЕ ВЖЕШТУВА, РЕКИ МАКЕДОНЦИ СЕ СОБИРААТ
Објавено на: 13.06.2021
Македонија го игра својот прв историски натпревар на европските првенства, против Австрија од 18:00 часот на Националната Арена во романската престолнина. Нашите навивачи, најрешителните и бестрашните, веќе два дена се собираат во Букурешт.

Улиците се преплавени со македонски знамиња, се слуша македонска песна, се акумулира енергија за навивачка експлозија на стадионот. Македонија ќе ја има поддршката што ја заслужува, онолку колку што е можно во вакви услови, против Австријците.

На континенталните собири нема фаворити, секој може да победи секого и ова не е само фраза, туку жива вистина. Другиот дебитант, селекцијата на Финска го докажа тоа против Данска, победувајќи со 0:1. И посакуваме и на нашата селекија, да одигра добар натпревар, да нема резултатски притисок.

Македонските фудбалери и со овој пласман на континенталниот собир, за нас треба да се европски шампиони. Да ги бодриме до последниот атом на силите, безрезервно, како што тие гинат за нашите национални бои. НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!