КОГА ОД ПРОМАШУВАЊЕ, ЌЕ СТАНЕШ ХЕРОЈ
Објавено на: 30.08.2023
Еден играч, минатата година беше платен скапо, но не покажа речиси ништо во првата сезона во новиот клуб. Неговиот тренер имаше разбираше и доблест да чека, а најверојатно и да дочека. Сезонава, истиот тој играч е откровение и спасител.
Ливерпул го најде својот месија на мечот со Њукасл. Во игра влезе Дарвин Нуњез, уругвајскиот интернационалец кој во последните 15 минути го смени текот на натпреварот. Му требаа 5 минути да се загрее, а потоа 13-тина за да постигне два гола, од кои едниот во судиското надополнување на времето.
Кликнете на линкот и гледајте го видеото на YouTube. Ако минатата сезона беше најголемото промашување, дали сезонава е најголемото засилување за четата на Јурген Клоп, истиот тој Нуњез кој не знаеше „да погоди море од брегот“?