Останато

ЛАЈЛС ГИ РЕИНКАРНИРА ЗБОРОВИТЕ НА ПОПОВИЧ

Американскиот атлетичар јавно ги критикуваше НБА тимовите кои се нарекуваат „светски шампиони“ по завршувањето на финалната серија.

Коменарот на Ноа Лајлс, светскиот шампион на 100 и на 200 метри, првиот по Усаин Болт во 2015-та со вакво достигнување:

Светски шампиони на што, на САД? Ја сакам Америка, но светски шампиони на што?

Во 2010-та година, вечниот тренер на франшизата Сан Антонио Спарс, со која освои 5 титули во НБА лигата, Грег Попович го изјави следното:

Не верувам дека таа етикета треба да им се додава на НБА тимовите, затоа што никогаш не сме играле со други екипи вон нашите граници.

Кој е во право – Лајлс и Грег, или НБА ѕвездите кои го исмеваат атлетичарот?