Фудбал

СУДИИТЕ ЈА ИМААТ НАЈТЕШКАТА РАБОТА НА СВЕТОТ?

Моментот што се случи на мечот меѓу Њукасл и Ливерпул, кој заврши со победа по пресврт на гостите (1:2) кои играа со човек помалку поради црвениот картон на централниот дефанзивец, ќе биде во фокусот на вниманието уште некое време, а можеби ќе прерасне и во еден од оние моменти околу кои (ќе) се води вечна дебата.

Водителот на ESPN, Ден Томас, за она што го кажа поранешниот премиерлигашки судија и навивач на Њукасл, Марк Клатенберг за црвениот картон на Вирџил ван Дијк:

Марк Клатенберг ми испрати порака и ми рече: Го разбирам повикот дека е прекршок што судијата мисли дека се случи потег кој негира можност за гол. Никогаш не ни помислив на црвен картон, ниту во првиот момент, ниту сега, сè уште не сум убеден дека тоа беше јасен и очигледен црвен картон.

Беше ли црвен картон? Колку еден арбитар треба да се постави над некоја ситуација која може да реши еден натпревар? Добра ли беше проценката на Џон Брукс?

Не реагира вака само Клатенберг, туку и други судии, сегашни или поранешни…