Фудбал

ВИДЕО: Што знае Австриец што е потоп…

Австријците налетаа на потоп на Националната арена во Букурешт, ама Џулијан Баумгартлингер се израдува како мало дете лизгајќи се со гради на теренот. „Пола метро“ вода имаше на стадионот, па тој се пушти од аут линијата и стигна до центарот.

Доби силен аплауз од колегите за храброста, но ќе видиме дали нема да фати настинка пред утрешниот меч со Македонија.