Фудбал

ДА СЕ ИЗЕДНАЧАТ МАШКИОТ И ЖЕНСКИОТ ФУДБАЛ – СПОНЗОРИТЕ ДА ПЛАЌААТ ПО ПОЛОВИНА?

Повторно е актуелизирана темата за изедначување на примањата во фудбалот според половите, односно изедначувањето на вредноста на машката и женската игра. Тоа го предлага една поранешна фудбалерка, сега стручен коментатор.

Ова е предлогот на Карен Карни:

Спонзорите на фудбалските клубови да ги поделат парите за клубовите 50/50 помеѓу машкиот и женскиот тим, за да помогнат во развојот на женската игра.

Карен Јулија Карни МБЕ е англиска спортска новинарка и поранешен професионален фудбалер. Играше како крило и играч од средниот ред.

Карни е редовен учесник на преносите на фудбал во живо на Sky Sports, ITV и Amazon Prime, вклучувајќи ги и натпреварите од женската Супер лига и натпреварите во Премиер лигата за мажи, од 2019-та година.