Фудбал

БОАТЕНГ – РОНАЛДИЊО Е ПОДОБАР ОД ЗИДАН, ПЕЛЕ И МАРАДОНА?

По завршувањето на кариерите, фудбалерите се отвораат и зборуваат за времето поминато на тренинзите и на натпреварите. Еве една анегдота или жива вистина, од времето кога Милан полека згаснуваше како гигант и клуб од кого се плашеа сите.

🎙️ Кевин-Принс Боатенг за Роналдињо:

Кога не излегуваше навечер, доаѓаше на тренинг и кажуваше на кого ќе му ја протне топката низ нозе и го правеше тоа. Жонглираше со топката како никој друг. Ми се чинеше невозможно дека толку многу талент може да биде содржан во една личност – тој е најдобриот играч со кој сум играл.

Кога пристигнав во Милан, тој не беше во најдобриот период од неговата кариера, но имаше моменти и кога сфативме дека е најдобриот играч на светот, подобар од од Зидан, Пеле или Марадона.

Има ли вистина во овие зборови на скоро-пензионираниот Кевин Принс Боатенг?