Фудбал
ДОЈДОВМЕ НА ЕВРОПСКО…ЌЕ ИГРАМЕ ЛИ ВАТЕРПОЛО?
Објавено на: 12.06.2021
„Златна Копачка“ пристигна на Европското првенство. Што ли да види? Букурешт е под вода. Поплава на стадионот, поплава низ градот. Репрезентацијата на Австрија го откажа тренингот, нашите се уште се мислат дали да тренираат на стадионот на Стеауа.
За ватерполо ли дојдовме?

Утре Македонија го игра првиот историски натпревар на ЕУРО, а условите се како за водени спортови. Ќе мора Пандев и другарите да најдат кајче…па да ги „превеслаат“ Австријците.
