Фудбал

МОМЕНТОТ КОГА ГЕНДУЗИ ДОЗНА ДЕКА ЖЕНАТА И ДЕТЕТО МУ СЕ СПАСИЛЕ ОД КРАДЦИТЕ

За време на пријателскиот натпревар на Олимпик Марсеј со Бајер Леверкузен, еден од луѓето од клубот долета на теренот и му соопшти на играчот дека неговото семејство преживеало сериозна ситуација.

Сопругата на Матео Гендузи успеала да ги избрка крадците кои влегле во неговиот дом и украле еден часовник Ролекс вреден 20.000 евра. Неговото дете, исто така, било дома во тој период.

Гендузи е репрезентативец на Франција кој играше за Арсенал, а сега настапува за клубот од пристанишниот град. Марсеј важи за мека за крадците со оглед на тоа дека е на „отворено море“.

Едноставно, секој може да дојде и да се насели во најголемото пристаниште на Франција, каде има најголема стапка на криминал во оваа земја и најмногу убиства, особено на млади луѓе.