ЕВРОЛИГА СЕ СООЧУВА СО СЕРИОЗНИ ОБВИНУВАЊА ЗА КОРУПЦИЈА
Објавено на: 05.08.2023
Елитната европска лига, во која учествуваат најдобрите и најуспешните клубови на Стариот континент, се огласи по повод обвинувањата дека имало обиди за местење натпревари во нејзина организација:
Поради неодамнешните написи објавени во неколку медиуми во врска со наводната намера да се поткупи еден од членовите на судискиот екипаж што го водеше натпреварот 2 од финалето на Еврокупот 2020/21 година, Кошаркарската Евролига сака да го каже следново:
• Стандардите за интегритет на сите судии во кошаркарската Евролига се засноваат на силно придржување до моралните и етичките принципи и вредности како што се чесноста, честа и доверливоста.
• Кошаркарската Евролига следи многу строг протокол за следење за да гарантира дека сите натпревари се несомнена средина за фер плеј, практикувајќи политика на нулта толеранција за мито и корупција.
• Кошаркарската Евролига ќе отвори внатрешна истрага за да се разјасни содржината на изјавите на украинскиот судија Микола Амбросов.
• Штом ќе заврши внатрешната истрага, Кошаркарската Евролига јавно ќе го обелодени исходот и доколку се најдат докази, ќе ги примени сите неопходни мерки или санкции против секој поединец кој можеби бил вклучен.
Имало ли мито меѓу судиите, или немало?
