РЕКОРДОТ КОЈ ЗАВИСИ САМО ОД ФЕРСТАПЕН
Објавено на: 31.07.2023
Во светот на Формула 1, неколку имиња се исфрлени напред, историски и резултатски, додека другите само со макотрпна работа може да се обидат да им се доближат.

Аиртон Сена е оценет како највозач на сите времиња, до скоро Михаел Шумахер беше најтрофеен и ги имаше сите достиугнувања зад своето име, сега Луис Хамилтон му се придружи и во одредени сегменти го надмина, но неговата кариера стагнира со оглед на неговата возраст, а спортските романтичари ги паметат Алан Прост, Хуан Мигуел Фанџо и останатите легенди кои се малку на број.

Ред Бул повторно доминира со светот на најбрзите и неговиот актуелен возач, може да го урне рекордот на поранешниот пилот на австриската екипа. Макс Ферстапен има 8 последователни победи во една сезона, а со евентуална победа на следната трка, која се вози во неговата родна Холандија, тој ќе се изедначи со германскиот возач Себастијан Фетел од 2013-та година.

Со оглед на тоа што Ред Бул има 13 победи на последните 13 трки, од кои 10 на последните 12 се на холандскиот возач, за очекување е дека актуелниот и двоен Ф1 шампион ќе напаѓа на овој раритетен учинок, кој може да го доближи до алејата на славните, пред чии порти чука со оглед на двете шампионски титули кои ги освои претходните две сезони.
Ќе успее ли?