Фудбал

ХАМЕС РОДРИГЕЗ ЌЕ ГО ОБЛЕЧЕ 10-ТИОТ ДРЕС ВО КАРИЕРАТА

Колумбискиот интернационалец потпиша за бразилската екипа Сао Пауло, што ќе биде неговата 10-та јубилејна во кариерата преполна со трансфери. Хамес Родригез никогаш не го доживеа она што му се предвидушаве и поради кое, на пример, беше дел од редовите на Кралскиот клуб Реал од Мадрид.

Еве ја листата на сите негови ангажмани во 10 клуба од 10 различни земји со кои освои 2 титули во ЛШ, 1 во Лига Европа, 9 домашни титули и 4 национални Купа:

Енвигадо (Колумбија)
Банфилд (Аргентина)
Порто (Португалија)
Монако (Франција)
Реал Мадрид (Шпанија)
Баерн Минхен (Германија)
Евертон (Англија)
Ал-Рајан (Катар)
Олимпијакос (Грција)
Сао Пауло (Бразил)

Неговата кариера беше во полн ек при настапот на светското првенство во 2014-та и голот против Уругвај, со кој практично се прослави и се продаде:

Кликнете на линкот и гледајте го видеото на YouTube, а во описот ќе прочитате дека ова е голот на турнирот и добитникот на наградата „Пушкаш“. Доволно да биде суперѕвезда?