ДУХОТ НА НАЈТРОФЕЈНАТА Ф1 ЕКИПА СЕ УШТЕ ГИ ПЛАШИ СИТЕ?
Објавено на: 29.07.2023
Што правиш кога ќе забележиш „непријател“ на твоја територија? Земаш црн селотејп и го покриваш неговото лого, за да не се меша со брендингот на твојата екипа.

Тоа го направи шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер кој залепи црна трака преку логото на Ферари кое се наоѓаше на капата на една млада дама, гостинка во таборот на „другите“.
Eagle-eyed Christian Horner spots a rogue hat in the Red Bull garage! 😂#BelgianGP @redbullracing pic.twitter.com/VKWJpXFsGz
— Formula 1 (@F1) July 28, 2023
Овој потег наиде на насмевки кај дел од аудиториумот, но и на осуди кај друг дел од публиката. Сигурно тој ќе го направеше истото за која било друга екипа, но едно е јасно – Ферари се уште е страв и трепет и секогаш ќе биде трн во окото на сите во Ф1.
*Ферари има рекордни 16 конструкторски титули, последната 2008-ма, односно 15 возачки со последната освоена во 2007-та година. Следуваат Вилијамс со 9, Мекларен и Мерцедес со по 8, Лотус со 7, а Ред Бул е на 6-та позиција на вечната листа со 6 возачки трофеи и 5 конструкторски.