Фудбал

МИТРОВИЌ МУ СЕ НАЛУТИ НА ФУЛАМ ДЕКА ГО ПРЕЦЕНИЛ?

Српскиот интернационалец им кажал на некои свои роднини, а пренесува Sky дека никогаш повеќе нема да заигра за Фулам, затоа што неговата цена на пазарот била многу повисока од реалната.

Александар Митровиќ бил предмет на два неуспешни обида на Ал-Хилал да го доведе во Саудиска Арабија, во лигата која се полни со пензионери, но и со потценети играчи кои се незадоволни.

Цената што англискиот премиерлигаш Фулам ја одредил на пазарот, за напаѓачот, била 52 милиона фунти што е за 30 милиони повеќе од цената за која беше купен во 2018-та година. Реално?