Фудбал

ДЕПАЈ НА СТРАНАТА НА НЕВИНИОТ МЕНДИ

Судот ги отфрли сите обвиненија против фудбалерот, кој во моментот (2021) кога почна истрагата за силување против него, беше во полна форма и играше за Манчестер Сити.

Левиот бек има 28 години, во моментов е слободен агент, а за Франција играше во периодот меѓу 2017-та и 2019-та година. Еве што напиша неговиот колега, Мемфис Депај:

Бенџамин Менди

– Сите обвиненија се отфрлени.
– Па, што правиме сега?
– Кој ќе му помогне на овој брат да заздрави?
– Кој ќе одговара за штетата на неговото име?
– Како ќе ја врати кариерата?
– Долгогодишна инвестиција за да стане професионален фудбалер…. Сега што!?

Никогаш не сум ја допрел оваа тема бидејќи не ги знаев сите детали, но еднаш зборував со него вистински на FaceTime додека беше зад решетки и се соочив со него на теренот неколку пати…

– Не видов никакво зло во мажот.
– Не можеме да прифатиме да ни се случува ова нам, како спортисти…
– Кој ќе застане за нас во време кога штетата е веќе направена?
– Не ја вртете главата луѓе.

Еве го твитот во оригинал: