Фудбал

БАРСА ГИ СОВЛАДАЛА ЈУНАЈТЕД И ТОТЕНХЕМ ЗА РОКЕ

Фудбалерите секогаш го одбираат она што мислат дека е најдобро за нив, па така во овој случај е избрана идеја за прогресивна кариера, пред парите, како што посочуваат информациите за потписот на една голема бразилска надеж.

Според агентот на Витор Роке (18), кој игра за Атлетико Паранаенсе и репрезентацијата на Бразил:

Можам да потврдам дека англиските клубови се обидоа да го „киднапираат“ Роке. Тотенхем и Манчестер Јунајтед испратија огромни понуди кои беа многу подобри од онаа на Барса, близу 100 милиони евра. Витор ја сакаше само Барселона, немаше шанси да се предомисли. – изјави тој за Charla Podcast.

Пресуди величината на клубовите или нешто трето?