Тенис

НАНОКРИСТАЛИТЕ КОИ ГО ПРАВАТ ЃОКОВИЌ – СУПЕРМЕН

Српскиот тенисер повторно покажа ментална сила, соборувајќи го рекордот по бројот на последователни Грен слем тај-брејкови освоени за една година (14) во мечот против Хуберт Хуркач. Во текот на тој меч, Србинот покажа и необичен детаљ на градите, додека го менуваше дресот.

Тоа е некаков уред под „фластер“, за кој Ѓоковиќ рече дека станува збор за „неверојатна нанотехнологија“ и „најголемата тајна во неговата кариера“. Нанотехнологијата е Taopatch Sport, од италијанската компанија Tao Technologies.

Како дете многу го сакав Iron Man, па сега се обидувам да го глумам. Мојот тим има неверојатна нанотехнологија која ми помага да дадам се од себе на теренот, па ова е најголемата тајна во мојата кариера. Да не беше ова, веројатно немаше да седам овде.

Уредот е со нанокристали кои ја претвораат телесната топлина во светлина, се вели во објаснувањето на официјалната веб-страница на компанијата, каде што пишува дека истиот чини 350 евра.