Кошарка

БОМБА ОД СРБИЈА: ОБРАДОВИЌ СЕ ВРАЌА ВО ПАРТИЗАН?

Најтрофејниот европски кошаркарски стратег даде интригантна изјава за српските медиуми, во која ниту потврдува, но ниту негира, дека ќе се врати во клубот каде ја освои првата европска титула како тренер и каде ги помина најубавите денови во кариерата:

Идејата е да се вратам, останува да видиме дали некој ќе се сети дека постои тренерот Жељко Обрадовиќ. Се одморив и ги наполнив батериите, а следниот предизвик мора да ми биде мотивирачки со цел да бидам посветен. Се појавија информации дека ќе се вратам во Партизан. Имам човек кој ги врши преговорите, а јас потоа седнувам со него, пред да седнам да преговарам конечно со потенцијалниот клуб каде би ја продолжил кариерата. Одлуката ќе ја донесам до крајот на јуни. Со Партизан ме врзуваат убави денови, таму стекнав многу пријатели. Досега, не сум преговарал официјално со ниту еден клуб. – се зборовите на Жељко Обрадовиќ.