Фудбал

РИО СЕ ИСПОКАРА СО ЏЕЈМИ, ЗА СТИВИ

Јасно е дека фудбалерите имаат свои фаворити и се насочени кон некои клубови, додека играат или додека се дел од стручните штабови, но откако ќе станат коментатори, би требало да бидат неутрални и да ни овозможат да уживаме во фудбалот.

Рио Фердинанд и Џејми Карагер, но и другите „стручни“ коментатори во англискиот фудбал, не само што не се неутрални, туку се и пристрасни и на моменти вознемирувачки здодевни со нивните ставови во улога на дрвени адвокати на некои клубови.

Последната пресметка е меѓу Рио Фердинанд и Џејми Карагер:

Џејми, каде си другар? Знаеше да критикуваш кога другите заминуваа за Саудиска Арабија, но сега кога Џерард, кому ги носеше копачките додека игравте за Ливерпул, е дел од оваа лига и фудбал на Блискиот Исток, те нема никаде. Жив ли си? – рече Фердинанд.

На тоа, Карагер напиша:

Не сум критикувал никогаш никого од тие што ги споменуваш. Тебе те немаше никаде за првиот меч на СП, да коментираш за ББЦ, затоа што примаш пари од саудиски извори и немаш храброст да зборуваш против своите работодавци.

Рио е играч на Јунајтед, Џејми на Ливерпул. Вакви ли треба да бидат фудбалските дебати?