Фудбал

КОНЕЧНО НЕКОЈ СЕ ОГЛАСИ – ШВАЈНШТАЈГЕР ГО ОБВИНИ ГВАРДИОЛА

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на германскиот фудбал, застана јавно против еден од најпреценетите тренери во историјата на светскиот фудбал.

Бастијан Швајнштајгер го изјави следното:

Пеп Гвардиола го оштети германскиот фудбал, со неговото време поминато на клупата на Баерн Минхен. Пеп Гвардиола го уништи идентитетот на германскиот фудбал додека беше тренер на Баерн Минхен.

Не можеше да има поточна, но и похрабра изјава од оваа затоа што поранешниот германски фудбалер се соочува гради в гради со „креаторот“ на многу модерни екипи купени со милијарди, зад кого стои невидена медиумска и останата машинерија (се освен фудбалски елементи) како поткрепа.

Нормално, сето ова не е топ-тема во светските медиуми, како на пример што беше титулата во ЛШ на Манчестер Сити, екипа против која има покренато 107 обвиненија за финансиски малверазации, само во Премиерлигата. Во право ли е Швајни?