АФРИКАНЦИТЕ ЗА АФРИКА – ГЕСТ ЗА ПОЧИТ
Објавено на: 01.07.2023
Африканските фудбалери кои стекнале богатства во животот, се враќаат на корените свесни дека на континентот му е потребна помош од неговите луѓе.
Ова е последната изјава на Виктор Осимхен:
Инспириран сум од Садио Мане. Но, јас имам поинаква цел во споредба со неговата. Тој гради инфраструктура за заедницата на Сенегал. Тоа е прекрасно. Но, за мене сакам да им помогнам на сите луѓе со попречености низ Африка. Секогаш ќе дадам се од себе да помогнам онаму каде што можам да помогнам. Јас сум во процес на отворање на седиште во Африка што ќе помогне да се постигне оваа цел. Ако немате нога, ќе ви создадеме нова. Ако е рака, ќе ви создадеме нова. Сакаме да се чувствуваат еднакви со сите. Ние работиме за Африка.
Што се може да се научи од ваквата животна филозофија на овие благородни луѓе кои не се штедат за д апомогнат на оние кои не можат да се грижат сами за себе?