ОВА ВЕЌЕ СТАНУВА ЛУДО – ПСЖ И РЕАЛ ВОДАТ ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ
Објавено на: 25.06.2023
Трансферот на Килијан Мбапе повторно е топ-тема во светските меидуми, а условите под кои се очекува да биде реализиран уште ова лето, се незамисливи за еден редовен процес на преговори меѓу два клуба.
ПСЖ бара од Реал Мадрид 250 милиони евра плус дополнителни 50 милиони во бонуси, додека Кралскиот клуб е подготвен да плати 200 милиони евра + 20 милиони како бонуси. Енормни цени од кои боли глава.

Агентот на Мбапе е неговата мајка, која веќе била во контакт со Реал Мадрид во неколку прилики, преговори кои траат неколку месеци, додека сега преговара и со газдите на ПСЖ за што побрзо финализирање на процесот.
Што и да се случи, ќе бидат пробиени бариерите на нормалното. Или, такво нешто веќе не постои?