ГО ИЗБРКАА МАЛДИНИ ЗА ДА НАПРАВАТ ‘РШУМ ВО МИЛАН
Објавено на: 22.06.2023
Италијанскиот гигант го продава најголемиот бисер што го има по распаѓањето на славната генерација која во три децении (1986-2017 под водство на Берлускони), со квалитетни замени и промени кои беа виртуозни фудбалски и менаџерски потези, царуваше со европскиот и со светскиот фудбал и беше страв и трепет за сите останати клубови, организациски и резултатски.

Милан сега е сведен на шкрги, состојба која трае по заминувањето на Силвио кој 2017-та го заокружи владеењето со освојување на Суперкупот на Италија. Милан преживува и се задоволува со трошките од масата. Калчолигашот има една титула освоена 2022-та, прва и единствена по 2011-та кога последен пат во Миланело имаше вистинска фудбалска организација. Се потоа, е срам за седумкратниот европски шампион.

Продажбата на Сандро Тонали е прашање на минути, затоа што пред околу еден час (17:00 CET) директорот на Њукасл, Ден Ешворт допатувал во Милано на финални преговори околу цената на 23-годишниот фудбалер, кој му ги посвети на Милан и срцето и душата. Станува збор за 70 милиони евра плус 5 во бонуси, кои ги нудат Англичаните, а Италијанците бесрамно се наддаваат и бараат 80 милиони.

Тонали, кога разбрал дека РедБрд Капитал Партнерс кои се сопственици на Милан сакаат да го продадат, веднаш ги договорил личните услови со Њукасл, каде ќе помине 6 години со 8 милиони евра плата и 2 милиони евра бонуси. За да го направат ова, сопствениците веднаш по завршувањето на главните обврски на 6-ти јуни ја соопштија одлуката за отпуштање на Паоло Малдини, која била донесена многу порано. По него, веднаш си замина и Рики Масара, двајцата директори кои беа моторите на новиот Милан.