ПАДНАЛ ДОГОВОР МЕЃУ ЕНРИКЕ И ПСЖ, ОСТАНУВААТ УШТЕ КЛАУЗУЛИТЕ
Објавено на: 18.06.2023
Шпанскиот стратег одеднаш е примарниот избор на француската екипа која очајно сака да влезе во редот на освојувачите на големите трофеи – една деценија троши како Вартбург и копнее по Лигата на шампионите. ПСЖ е во напредна фаза од преговорите со Луис Енрике, кој треба да го преземе францускиот шампион во најскоро време. Ова го јавува угледниот француски медиум, L’Équipe.

Французите, според истиот извор се многу внумателни по колапсот на преговорите со германскиот стратег Јулијан Нагелсман кој замина неславно од Баерн Минхен, на чие место седна Томас Тухел кој одеднаш таму доби врховна власт и далеку поголеми ингеренции од претходникот.

Како што се вели, Енрике веќе ја прифатил понудата и преговорите продолжуваат околу пропратниот персонал на неговиот стручен штаб, како и за клаузулите за награди и за евентуална отштета при предвремено раскинување на договорот. Од таборот на Енрике молчат, нема официјални информации.