ЗАМИНУВА КАКО ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ВО ИСТОРИЈАТА?
Објавено на: 17.06.2023
Манчестер Јунајтед ќе бара нов голман, само откако ќе се знае што ќе се случува со Давид Де Хеа. Преговорите со шпанскиот чувар на мрежата се уште траат, отворeни се од март годинава, но конкретен договор се уште нема. Причина – интересот на саудиските газди да го видат во лигата на шеиците.

Во меѓувреме, фановите се поделени во однос на останувањето на голманот кој цели 12 години ја бранеше гол-линијата на екипата од Олд Трафорд.
Ако замине, ќе си оди со:
– Најмногу натпревари без примен гол во историјата на Јунајтед
– Еднаков број награди Играч на годината со Сер Мет Безби
– Најмногу последователни награди Играч на годината
– На 4-то место според мечеви без примен гол во Премиерлигата
– 10-ти на листата со најмногу настапи во историјата на Јунајтед
– 2 златни ракавцици
– 1 титула во Премиерлигата
– 1 титула во Лига Европа
– 1 трофеј во ФА Купот
– 2 трофеја во Лига Купот
– 3 трофеја во Комјунити шилд
– 1 награда Играч на месецот во Премиерлигата
– Безброј награди Играч на натпреварот
– Многу награди играч на месецот за Јунајтед
Ако е ова крајот, што би му посакале Вие, како навивач на Јунатед?