НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ ДОБАР ГАЗДА, КОЛКУ ШТО БЕШЕ ДОБАР ИГРАЧ?
Објавено на: 16.06.2023
Зошто на најлегендарниот кошаркар во новата ера на кошарката, не му оди на бизнис план, како што му одеше на играчки план, кога станува збор за водењето на една франшиза? МЏ беше заштитно лице на Чикаго Булс, нешто што не му појде од рака со Шарлот Хорнетс.

Според упатени извори преку Океанот, Мајкл Џордан ги продава Шарлот Хорнетс на групацијата предводена од Гејб Плоткин и Рик Шнал, со што завршува 13-годишното владеење на шесткратниот НБА шампион, со оваа НБА франшиза. Клубот не мрдна од место.

Има неколку моменти – Џордан го продава мнозинскиот пакет акции, не знаеме дали комплетно ќе го продаде својот дел. Се чини дека Хорнетс му беа товар во бизнис-кариерата. Делува дека не беше заинтересиран да создаде шампионска екипа, која во НБА се прави преку ноќ.
Каде згреши билионерот Мајкл Џордан?