Фудбал

НЕ Е ДЕКА ХАВЕРЦ НЕ ГО САКА НИКОЈ, СЕ ТЕПААТ ЗА НЕГО

Вистинските познавачи на фудбалот ги знаат квалитетите на играчот на лондонските сини и затоа скоро сите големи екипи се заинтересирани да го видат во своите редови, но цената што ја бара Челси е прескапа. Сепак, има и поинаква опција…

Каи Хаверц има зелено светло да преговара за понудата за договор со Арсенал, по позитивните индикации кои се појавија од страна на второпласираната екипа во Премиерлигата, минатата сезона. Нема никаков проблем за личните услови, јавуваат истите извори.

Арсенал и Челси се во контакт – нема шанси топџиите да ја прифатат откупната клаузула која изнесува 75 милиони фунти, но Челси, според однесувањето кога станува збор за овој трансфер, ќе биде и тоа колку флексибилен, за конечен заемен интерес на сите.

Баерн е информиран, но баварскиот гигант сепак се уште е тивок. Предводник на баварската машинерија е тренерот Томас Тухел кој му донесе европска титула на Челси, во финалето со Сити 2021-та во кое Каи Хаверц го постигна победничкиот гол во една спектакуларна контра.

Реал Мадрид, спорeд информациите кои се лиферуваат последните два дена, е 100% надвор од трката за потписот на германскиот интернационалец. Што ќе рече, душебрижниците сепак не сфаќаат кои се квалитетите на Хаверц и паушално тврдат дека никој нема да го сака напаѓачот, ако тој биде понуден на пазарот ова лето.