МАЈКАТА НА РАШФОРД НЕ ЈАДЕЛА ЗА ДА ИМА ЗА ДЕЦАТА
Објавено на: 09.06.2023
Трогателна приказна доаѓа од еден од родителите на еден од најдобрите фудбалери во англиската репрезентација во моментов и секако еден од најдобрите актуелни напаѓачи во Премиерлигата.

Мајката на Маркус Рашфорд, кој настапува за Манчестер Јунајтед и заработува милиони, изјави за англиските медиуми:
Им кажував на децата дека сум јадела, кога ќе ме прашаа дали сум ручана, затоа што го правев најдоброто што можам, за тие да преживеат. Сега, Маркус заработува за сите нас, а јас понекогаш седам сама во собата и плачам. Размислувам каде бевме и каде сме сега.
Трогателна и инспиративна приказна?