Фудбал

НИКОЈ НЕ САКА НА КЛУПАТА НА НАПОЛИ?

Газдата на италијанскиот шампион има голема главоболка по завршувањето на сезоната во која клубот на Елмас ја освои круната, но ја загуби главата. Нема замена за Лучијано Спалети!

Претседателот Аурелио Де Лаурентис не успеа да ги убеди Луис Енрике и Сержо Консеисао, по што „го откачи“ и Винченцо Италиано кој сака да остане во Фиорентина, иако ги загуби двете финалиња во Купот на Италија и во Конференциската лига на УЕФА.

Ќе најде ли контроверзниот газда, тренер на време или подготовките за сезоната ќе почнат без кормилар?