Фудбал

ЦРВЕНИТЕ СЕ ПОДНОВИЈА ВО БРАЈТОН

Клубот предводен од Јурген Клоп не седи со скрстени раце во актуелниот преоден рок кој не очекува, во кој се најавени повеќе турбулентни зделки. Една од нив, е оваа.

Ливерпул потпиша договор со Мекалистер од Брајтон, според кој аргентинскиот интернационалец ќе се пресели на Енфилд на 14-ти јуни.

Скај Спортс јавува дека иницијалната цена на Мекалистер изнесувала 35 милиони фунти, но некои извори јавуваат дека истата може да порасне и до 55 милиони.