Фудбал

КОЛКУ СЕ ИЗБРУКА МИЛАН СО ОТПУШТАЊЕТО НА МАЛДИНИ?

Газдите мислат дека се е во нивни раце. Газдите најчесто се во право. Рајата мисли дека фудбалските клубови се нејзини. Рајата најчесто не е во право.

Последниот случај кој го дефинира модерниот фидбал и кој ја докажува фразата „спорт создаден од сиромашните, а украден од богатите“, е отпупштањето на Малдини од Милан. Човекот кој целата своја играчка кариера ја помина во Милан, чиј татко играше во Милан, чиј син играше во Милан, човекот кој го врати Милан во височините – доби корпа!

Доскорешниот директор Паоло Малдини е жртва на првиот оперативец Гери Кардинале, а со него заминува и другиот директор, Масара. Двајцата беа најзаслужни за играчкиот кадар, а со тоа и за успехот на росонерите кои се вратија во ЛШ, играа 1/2 финале веднаш по сезоната во која ја освоија титулата во Калчото.