Кошарка

КОЛКУ НБА „ГО ЦАРИНИ“ ЈОКИЌ?

Познато е дека во САД данокот е огромна сума на пари која државата ја задржува од вкупните примања на еден поединец, особено ако се работи за милионски суми на плата или профит.

Никола Јокиќ има мултимилионски договор со екипата на Денвер, а пресметано низ бројки, неговите примања и она што му останува откако ќе се одбијат даноците, изгледа вака:

$46,9: милиони плата

Одбитоци:

$17.36M: Федерален данок
$2.06M: Колорадо данок
$1.41M: Процент за агентот
$1.4M: Данок на градот
$436k: Данок за социјално и лекарско

Ресто:

$24.23M: Плата

Никола Јокиќ е двократен МВП на НБА лигата, сезонава игра во големото финале за пехарот. Резултатот во серијата е 1:1, следните два меча се играат на теренот на Мајами Хит.